Бројот на хоспитализации во болниците се намалува, а се зголемува бројот на исписи на пациенти со ковид-19. Се намалува и бројот на позитивни пациенти, што значи дека мерките даваат резултати, објави на Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.
„Без разлика што бројките паѓаат, периодов мора да бидеме исклучително внимателни, поради непредвидливоста на вирусот“, напиша Филипче.
Тој информира и дека на редовната утринска координација со директорите на клиниките разговарале за третманот на болните, моменталната состојба со капацитетите на ковид – центрите и ротациите со персонал.