Пратеник на грчката партија „Златна зора“ ќе учествува на локалните избори во земјата во мај и покрај тоа што во моментов е уапсен поради обвинение за учество во криминална организација и го очекува судски процес, јавува АФП.
Панајотис Илиопулос е еден од шестмината пратеници на „Златна зора“ кои се во затвор. Портпаролот на партија, Илиас Касидарис и пратеникот илиас Панагиотарос против кои исто така има обвинение, но се ослободени пред процесот, ги презентираат партиските кандидатури за локалните избори во Лариса по засилено полициско обезбедување.
Во телефонско обраќање од затворот „Коридапос“, Панајотис Илиопулос ги повика своите поддржувачи да ја продолжат борбата до победа.