Ибра го води Милан кон Европа, Аталанта се проби на второто место

Italy, 21 July 2020. ANSA /ELISABETTA BARACCHI

Екипата на Милан победи со 2:1 на гостувањето кај Сасуоло во делото од 35-то коло од италијанската Серија А и привремено се проби на петтокот кое води во Лига Европа.

Двоен стрелец за „росонерите“ беше Златан Ибрахимовиќ, во 19 и во втората минута од судиското продолжение на првото полувреме, а во двата случаи му асистираше Хакан Чалханоглу. Претходно за кусо за Сасуоло, кој остана со играч помалку, израмни во 43 минута од пенал Франческо Капуто.

Милан со 59 бодови е петти пред Рома со 58 и Наполи со 56 во борбата на овие три екипи за двете места во Лига Европа.

Фудбалерите на Аталанта на свој терен во рамките на 35-то коло од италијанската лига во вторникот минимално со 1:0 ја совладаа Болоња и се пробија на второто место на првенствената табела.

Стрелец на единствениот погодок за домашните беше во 63 минтуа Колумбиецот Луси Муриел, кој влезе во игра на полувремето, на додавање на сонародникот Дуван Запата. Во 36 минута поради приговор на трибините беше испратен првиот тренер на Аталанта Џан Пјеро Гасперини.

На три кола пред крајот Аталанта со победата теоретски останува во игра за титулата, бидејќи со 74 бодови е на второто место, зад водечкиот Јувентус кој има шест бода повеќе но и меч помалку.

Болоња моментално е десетта со 43 бодови, и теоретски по завршувањето на колото може да падне за неколку места подолу, но далеку е од опасната зона на испаѓање.

Во среда на распоредот се шест од преостанатите мечеви од ова коло: Парма – Наполи, Интер – Фиорентина, Лече – Бреша, Сампдорија – Џенова, СПАЛ – Рома и Торино – Верона. Во четврток се среќаваат Удинезе – Јувентус и Лацио – Калјари.