Ибрахимовиќ го оперираше коленото

Шведската фудбалска ѕвезда Златан Ибрахимовиќ сипешно го оперирал коленото, поради што го пропушти настапот на Европското фудбалско првенство.

Милан во петокто вечерта објави дека операцијата на менискусот кај 39-годишниот фудбалер била успешна, како и дека шведскиот напаѓач веднаш започнал со рехабилитација.

„Ибрахимовиќ е подвргнат на артосопија на левото колено, а операцијата беше успепна, Златан веднаш ќе започне со процесот на закрепнување“, оопштија од таборот на „Росонерите“.

Ибрахимовиќ се повреди на дерби натпреварот против Јувентус на почетокот од мај.

Според медицинските процени, популарниот Ибра од терените ќе отсуствува два месеца, што значи дека најверојатно ќе биде подготвен за почетокот на новата сезона во Серија А кон крајот на август.