Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, кој во саботата постигна гол по враќањето во италијанскиот тим во натпреварот од 19. коло од Серија А против Каљари (2:0), е првиот фудбалер кој се запишал во листата на стрелците во последните четири децении.
Швеѓанецот во периодот 1990-1999 (еден гол). од 2000 до 2009 година беше стрелец на 169 голови. Од 2010 до 2019 година 304 пати ги тресел противничките мрежи. И оваа деценија (2020-2029) ја започна со погодок на дуелот со Каљари.
Ибрахимовиќ има два натпревара за Милан оваа сезона и еден гол. Тој потпиша договор со италијанскиот клуб на 2 јануари 2020 година.
Триесет и осумгодишниот играч претходно настапуваше за Малме, Јувентус, Ајакс, Интер, Барселона, ПСG, Манчестер јунајтед и Лос Анџелес галакси.