Познатиот француски спортски весник „Ле Паризиен“ откри кои се најплатените десет фудбалери на денешницата.Прв на листата е репрезентативецот на Шведска и најголема ѕвезда во дресот на актуелниот шампион на Франција, ПСЖ, Златан Ибрахимови со годишна плата од 14.6 мил. евра.
Помала плата и тоа за “само” 200 илјади евра има најголемата ѕвезда во дресот на шпанскиот гигант Реал (М), португалскиот интернационалец, Кристијано Роналдо. Во топ три е и колумбискиот интернационалец од редовите на францускиот прволигаш Монако, Радамел Фалкао кој има годишна плата од 14.1 мил. евра.
За него следуваат Тиаго Силва од ПСЖ со годишна плата од 12.1 мил. евра, Лионел Меси од Барселона со плата од 10.7 мил. евра, Герет Бејл од Реал (М) со плата од 9.4 мил. евра, Чави Хернандез од Барселона со плата од 8 мил. евра, Андрес Ињеста од Барселона со плата од 8 мил. евра, Вејн Руни од Манчестер Јунајтед со плата од 7.8 мил. евра и Дидиер Дрогба од Галатасарај со годишна плата од 7.6 мил. евра.