Големиот пријател на најголемата ѕвезда во дресот на актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, Златан Ибрахимовиќ, Тони Флигаре, откри дека челниците на англискиот второлигаш Квинс Парк Реџерс пропуштиле историска шанса да ги осигураат услигите на шведскиот интернационалец.
„Тоа се случи пред многу години, кога Златан беше тинејџер. Една недела тренираше со резервниот тим на Квинс Парк Ренџерс, но потоа не доби понуда да остане во Лондон. Златан во една ситуација премногу долго ја држеше топката во своите нозе. Во еден момент, менаџерот на КПР направи груб старт врз него. Веќе во следната акција Златан му врати со иста мера и потоа му кажа е.. се. Не можете ни да замислите колку беше лут менаџерот на КПР. Најверојатно поради таа ситуација Златан не доби понуда од КПР, но јас сум убеден дека Ибра не сакаше да остане во Англија”, изјави Флигаре.