![ibraimi testira](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/01/ibraimi-testira.jpg?resize=696%2C391&ssl=1)
Само три погодоци беа постигнати на првите два натпревара од 19. коло во италијанската Серија А.
Дуелот помеѓу екипите на Ливорно и Парма заврши со убедлив триумф на гостинот од 3:0, а без погодоци заврши пресметката помеѓу екипите на Болоња и Лацио.
Актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, важи за апсолутен фаворит во денешниот дуел против екипата на Калјари, чии дрес го носи и репрезентативецот на Македонија, Агим Ибрими, а обврска да ја оправдат фаворитската улога, но во дуелот против екипата на Џена имаат и фудбалерите на Рома.
Далеку потешка задача ќе има екипата на Наполи која ќе се обиде да оствари позитивен резултат во дуелот со одличниот тим на Верона, а најверојатно шанса да настапи во првиот тим ќе добие и македонскиот интернационалец, Горан Пандев.
Новајлијата во елитното друштво, тимот на Сасуоло не би требало да биде некоја посериозна пречка за тимот на Милан.
Денеска на програмата: Торино – Фиорентина, Аталанта – Катанија, Калјари – Јувентус, Рома – Џенова, Верона – Наполи, Сасуоло – Милан.