Најинтересниот натпревар од вонредното, 30. коло од италијанската Серија А, дуелот на „Артемио Франки” помеѓу екипите на Фиорентина и Милан, заврши со заслужен триумф на гостинот од Милано од 2:0.
Првиот погодок на натпреварот беше дело на францускиот интернационалец Филип Мексес, а вистински еврогол на средината од второто полувреме постигна Марио Балотели.
Фаворитската улога ја оправдаа фудбалерите на Наполи кои одиграа фуриозно во првите 45 минути и сосема заслужено со 4:2 славеа на незгодното гостување во Катанија, а поранешниот репрезентативец на Македонија, Горан Пандев целиот натпревар го проследи од клупата за резервни фудбалери.
Минимална победа од 2:1, но во дуелот против одличниот тим на Парма, оствари актуелниот шампион на Италија, екипата на Јувентус.
Првенствениот дуел помеѓу екипите на Каљари и Болоња заврши со минимален триумф на домаќинот, а репрезентативецот на Македонија, Агим Ибраими, забележа одличен настап до 70 минута од натпреварот.
Резултати: Киево – Болоња 3:0, Каљари – Верона 1:0, Џенова – Лацио 2:0, Аталанта – Ливорно 2:0, Фиорентина – Милан 0:2, Катанија – Наполи 2:4, Јувентус – Парма 2:1, Сасуоло – Сампдорија 1:2.