ИБРД го одобри заемот од 25 милиони евра за подобрување на општинските услуги

Компонентата за општински инвестициски подзаеми (18,5 милиони евра) ќе обезбеди финансирање за општините со цел инвестирање во високо-приоритетна локална инфраструктура. Компонентата за инвестициски грантови за сиромаштија и социјална инклузија (4,9 милиони евра) ќе обезбеди инвестициски грантови за општините како поттик да инвестираат во инфраструктурни подобрувања за сиромашните и маргинализирани заедници во рамките на нивната надлежност.

Компонентата за проектно управување, мониторинг и евалуација, и градење капацитет (1,5 милиони евра) ќе ја поддржи имплементацијата на проектот и мониторинг, а исто така ќе им помогне на министерствата и агенциите на национално и општинско ниво во зајакнување на институционалните и финансиски системи за одржливо обезбедување на општинските услуги.

МСИП2 има за цел промовирање на транспаретноста на општиниското работење преку поврзување на објавата на буџетските и други информации со пристапот до финансирање, истовремено градејќи ги капацитетите на општините за планирање и имплементација на инфраструктурни инвестиции, вели Тошиаки Кеичо, виш специјалист за урбан развој при Светска банка и лидер на проектот.

Проектот ќе овозможи граѓански ангажман во избор и дизајн на инвестции, со што општините ќе може подобро да одговорат на барањата од локалните заедници и корисници на општински услуги.

По првиот МСИП заем од 18,9 милиони евра, следеа две дополнителни финансирања. Првото, од 37,2 милиона, евра беше обезбедено од Светска банка во 2012 година, а второто, од 15,5 милиони евра, беше неодамна одобрено од Европската унија со финасирање од претпристапната помош ИПА наменето за поддршка на руралната инфраструктура. МСИП2 е финансиран преку заем на Светска банка од 25 милиони евра со рок на доспевање од 18 години, вклучително и пет години грејс период.

Вкупното доспевање на секој подзаем нема да надмине тринаесет години, вклучително три години грејс период. Сите општини имаат право и се поттикнуваат да учествуваат.