Терористичката групација Исламска држава објави видео снимка, на која е прикажан нов суров метод за убивање заробеници со помош на камења.
Како што пренесува британскиот весник „Дејли мејл“ на снимката се гледа како исламистите на заробеници во Јемен, облечени во сини комбинезони, во пустина врз главата им фрлаат големи камења.
Видеото е снимено во Јемен, а на него неколку маскирани исламисти убиваат тројца заробеници.
Заробениците се обвинети за соработка со јеменската Влада и за борба против џихадистите.
Видеото е наречено „Смачкај ги своите непријатели“ и претставува повик и порака до следбениците на ИД.