
Исламска држава објави нова видео-снимка со британскиот новинар Џон Кантли, при што се тврди дека сниката е направена во сирискиот град Кобане.
Кантли, кој повеќе од две години е во заробеништво, тврди дека просторот зад него е територијата на Турција. Видео-снимката со траење од пет минути и 30 секунди почнува со кадри од разурнат град.
Кантли изјавува силите на ИД навлегле длабоко во Кобане, каде се борат со курдските милиции и оти го контролираат источниот и јужниот дел на градот.
Видео-снимката е објавена два дена по првата снимка на Кантли во која тврди дека заробениците биле подложени на мачење бидејќи се обиделе да избегаат.
И во последната видео-снимка британскиот новинар тврди дека американското оружје наменето за курдските сили е во рацете на ИД.
– Битката за Кобане е при крај. Муџахедините сега го чистат градот, истакнува Канли.