Исламска држава ја презеде одговорноста за вчерашното убиство на десетици египетски христијани.
Вооружена група вчера нападнала два автобуси во коишто се превезувале коптски христијани. Најмалку 35 лица починале а 26 се повредени. Меѓу жртвите има голем број на деца.
Возилото е нападнато во регионот Минја. Сведоци велат дека милитантите носеле маски и воeни униформи.