Преку официјалното радио Ал Бајан џихадитичкта Исламска држава презеде одговорност за убиството на 50 луѓе во ноќен клуб во Орландо и наведе дека тоа е дело на „војник на калифатот“.
– Бог му дозволи на брат Омар Матин, еден од војниците на калифатот во Америка да ја пробие безбедноста во ноќен клуб во Орландо и да убие или рани над 100 луѓе пред да биде убиен, објави радиото.
Новинската агенција Амак, поврзана со ИД, исто така јави синоќа дека масовното убиство е извршено од припадник на ИД.