Единаесет членови на Исламска држава осомничени дека подготвувале напад врз Генералниот конзулат на САД во Истанбул, се уапсени вчера.
Осомничените биле Сиријци со фалсифиувани пасоши.
Во вторникот беше уапсен друг член на ИД, осомничен дека планирал самоубиствен напад врз Конзулатот на САД.
Американскиот Конзулат во Истанбул беше затворен минатата недела поради непрецизирана закана.