Терористичкта група поврзана со Исламска држава објави видео снимка од погубувањето на припадници на Ал Каеда.
Џихадистите од ИД ги полеаја со бензин двајцата припадници на терористичката организација, а потоа со бомба ги „кренаа во воздух“.
Во новото вознемирувачко видео на ИД, тројца припадници на сирискиот огранок на Ал Каеда, Ал Нусра се погубени на мошне морбиден начин.
Маскираните џелати се дел од бригадата Јармок, која ја поддржува ИД и која често објавува видео снимки од погубувањето на противниците.