
Групата Исламска држава презеде одговорност за низата самоубиствени напади во градот Аден, јужен Јемен, пренесе МИА.
Нападите беа насочени кон хотел во кој заседава јеменската Влада и врз објекти на арапската коалиција која се бори против бунтовниците.
Првично јеменски претставници и арапската коалиција соопштија за ракетни, а не за самоубиствени напади во кои загинаа најмалку 15 лица.