Идеален тим составен од 11 секси Аргентинки

Освен со минималниот триумф во дуелот против незгодниот тим на БиХ, фудбалските медиуми во Аргентина во изминатите неколку дена се занимаваа и со идеалниот тим кој е составен од 11 секси Аргентинки.

Уредниците на машкото списание “Омбра”, јулскиот број го искористија за промоција на најубавите Аргентинки кои позираат во националниот дрес и сигурно ќе бидат дополнителна мотивација за Лионел Меси и за неговата дружина кои пак имаат обврска да забележат позитивен резултат во вториот натпревар од групната фаза, во кој за противник ја имаат репрезентацијата на Нигерија.