Идентификуван и третиот напаѓач од Лондон

Јусувф Загба, третиот теророст од Лондон

Третиот терорист од Лондон е идентификуван како Јусуф Загба, роден 1995 година, пишува миланскиот дневен весник Corriere della Sera, повикувајќи се на безбедносни извори, откако во лондонската полиција претходно објави дека во тек е неговата идентификација по откривањето на идентитетит на другите два напаѓачи кои во саботата ноќта во центарот на Лондон со комбе и ножеви усмртија седум лица и ранија уште 48 луѓе.
Таткото на Јусуф Загба е Мароканец, а неговата мајка Италијанка, а бил роден во мароканскиот град Фес. Во март 2016 година е уапсен на аеродромот во Болоња, додека се обидувал да се качи на авион за Турција и оттаму да замине за Сирија.

Италијанското разузнавање ги информирало мароканските разузнавачки служби дека Загба бил сомнителен и оти често патувал. Слично предупредување е упатено и до британското разузнавање.

Родителите на Загба одредено време живееле во Мароко, а потоа се разделиле и мајката се вратила во Италија. Сега живее во провинцијата Болоња. Синот неколкупати патувал од Мароко до Италија за да се види со неа.

Во март 2016 година кога бил уапсен, тој бил обвинет за меѓународниот тероризам, но тоа обвинение не било докажано. И покрај тоа, Италија го ставила на листата на лица коишто претставуваат ризик за безбедноста.

Пред нападот живеел во Лондон, каде сезонски работел во ресторан. Полицијата во понеделикот ги објави имињата на другите двајца напаѓачи, Хурам Сазад Бут, кој и претходни ѝ бил познат на полицијата и на такната служба МI5, и Рашид Редуан.

Британците во вторникот одржаа едноминутен молк за жртвите од најновиот терористички напад во Лондон, додека ожалостените се собраа околу цвеќето, кое за настраданите беше положено на Лондонскиот мост, каде во саботата вечерта седум лица се убиени, а десетина се ранети. Во Британија едноминутно молчење се одржа во 11 часот по локално време.

Знамињата на зградите на државните институции денеска се спуштени на половина копје, додека градоначалникот на Лондон Садик Кан го посети седиштето на лондонската Брза помош. Британија им одава почит на жртвите само два дена пред одржувањето на вонредните парламентарни избори.