Белградската криминалистичка полиција го идентификуваше телото кое во вторникот во 18 часот со бетонски цигли околу ногата и селотејп преку очи, исплива околу Остружничкиот мост, недалеку од Белград. Станува збор за Џемши Демири (34) од Бујановац.
Џемши, според проценките на стручњаците на Институтот за судска медицина во вода поминал 10 и 14 дена, па се претпоставува дека претходно бил претепан. Тој немал пријавено жителство во Белград.
Како што се информираат од полицијата, Џемси Демири од порано им е познат на полицијата поради кражба и обивање возила.
„Неговото исчезнување не беше пријавено. Во овој момент се обидуваме да утврдиме каде последен пат бил виден жив. Најаверојатно злосторството не се случило во Белград, ниту во околината, “ изјавија од полицијата за Блиц.
Каде било фрлен телото, тешко е да се утврди поради обилните дождови и поплави.Во овој момент полицијата се обидува да ги пронајде неговите роднини, а истрагата е во тек.