
Тим научници од Кина и Сингапур идентификувал нов тип хенипаворус во Кина, кој веќе заразил најмалку 35 лица, пренесуваат кинеските медиуми, а резултатите од нивното истражување се објавени во списанието New England Journal of Medicine (NEJM).
Во информациите се наведува дека новиот хенипавирус е наречен „лања“.
„Триесет ипет пациенти се заразени со вирусот лања (Langya henipavirus, LayV) се идентификувани во кинеските провинции Шандонг и Хенан“, објавија локалните кинески медиуми.
Во студијата во која учествувале и научниците од Институтот за микробиолошка епидемиологија од Пекинг, се наведува и дека кај 26 пациенти немало други патогени, а повеќето од нив биле фармери. Најмалку 35 отсто од нив страдале од нарушена функција на црниот дроб, а 8 проценти од нарушена бубрежна функција.
Симптомите на инфекцијата со новиот вирус вклучуваат треска, замор, кашлица, анорексија, мијалгија, гадење и повраќање. Новооткриениот вирус „лања“ е сличен на вирусот „нипах“, велат научниците но досега нема фатални исходи од заразите со него или сериозни форми.
„Поради тоа, можеме да кажеме дека траба да бидеме внимателни во однос на овој нов вирус, но не и предизвикаме паника“, изјавил Бен Линфа, професор по медицина при Националниот универзитет во Сингапур.
Сѐ уште не е утврдено дали вирусот „лања“ се пренесува од човек на човек. Во животинскиот свет вирусот најчесто е идентификуван кај кртовите, а антитела на него се најдени која кози и кучиња. Вирусот „лања“ припаѓа на семејството „парамиксовиридае“, и студијата покажала дека од 26 од 25 видови животни дека рилкарите имаат највисоко ниво на серопозитивност од 27 отсто, а кучињата и козите изнесувала 5 односно 2 отсто.