Белгиската полиција соопшти во петокот дека се предал мажот осомничен за вмешаност во нападот од четвртокот вечерта во франциската престолнина Париз кога беа убиени двајца полицајци а ранет уште еден, додека во Франција целосно се мобилизираат сите безбедносни сили, вклучително и елитните единици, поради претстојните претседателски избори во недела, а напаѓачот медиумите јавуваат дека е идентификуван.
Лицето кое е осомничено за учество во престрелката на париските Елисејски полиња и за чиешто наводно учество белгиските власти ги известиле француските колеги, самиот се јавил во комесаријатот на полицијата во белгискиот град Антверпен, изјави во петокот портпаролот на белгиското минситерство за Белгискиот министер за внатрешни работи Жан-Пјер Бранде.
„Лицето, по кого белгиските власти издадоа потерница, самото се пријавило во полицискиот комесаријат во градот Антверпен“, изјави Бранде.
Претходно белгискиот весник Derniere Heure повикувајќи се на полициски извори пишуваше дека мажот кој отворил оган врз полицајците во центарот на Париз можно е дека имал тесни врски со белгиска терористичка ќелија.
Притоа весникот потсети дека џихадистичката организација Исламска држава веќе ја презема одговорноста тврдејќи дека нападот го извел „нејзиниот борец, Белгиецот Абу Јусеф ал-Белгики (Белгиец)“. Француската полиција, пак, уште не го соопшти идентитетот на напаѓачот и осомничениот.
Откако на 13-ти ноември 2015 година беше изведен крвавиот терористички напад во Париз со 130 мртви, во координираните бомбашки и вооружени напади, истрагата покажа дека двајца од познатите десет напаѓачи беа белгиски ржавјани, а другите живееле во Белгија.
Францускиот дневен весник Le Monde, пак, објави дека извршителот на нападот на париската авенија позната како Шанзелизе, е идентификуван како 39-годишниот Карим Шеруфи, кој живеел во Ливри-Гарган во Сен-Сан-Дени во парискиот арондисман. Француските медиуми тврдат дека Карим Шеруфи од претходно им бил познат на полициските служби, како лице кое манифестирало насилство кон полицијата.
Карим Шеруфи во 2003 година имал сообраќајка со украдени возило во Руаси-ен-Бри Сен-е-Марн, кога удрил во друг автомобил во кој се наоѓал еден полицаец и неговиот помлад брат. Шеруфи се дал во бегство со автомобилот, по што полицаецот тргнал по него. Кога возилото на полицецот се доближило до автомобилот, Шеруфи стрелал кон него и ги ранил полицаецот и неговиот брат. Иако веднаш по ова побегнал, Шеруфи набрзо бил уапсен и му бил одреден притвор.
Два дена по инцидентот, Шеруфи повикал полицаец во притвирската ќелија, успеал да му го одземе пиштолот и неколкупати стрелал во него. Полицаецот бил тешко ранет, но успеал да го активира алармот.
По овие инциденти тој истата година е осуден за обиди за убиство на 20 години затвор, но по жалбата, во 2005 година казната му е намалена на 15 години. По отслужувањето на казната, која во меѓувреме му е скратена, Шеруфи почнал да продава облека на пазарот во Шеле Сен-е-Марн.
Неговата радикалзиација не била забележена претходно, освен одредени закани кон силите на редот. При претресот во неговиот дом билие пронјадени „елементи на радикализација“, потврдуваат полициски извори за француските медиуми.
Белгискиот министер за внатрешни работи, Жан Жамбон, пак, за телевизијата VRT изјави дека убиениот напаѓач бил француски државјанин. „Истрагата продолжува. Можеме да потврдиме дека напаѓачот бил француски државјанин“, рече министерот.
Франција целосно се мобилизира, во прв ред безбедносните сили за да ги заштити граѓаните во текот на претстојните претседателски избори, изјави во петокот францускиот премиер Бернар Казнев.
Зборувајќи на идната седница со највисоките безбедносни функционери, Казнев изјави дека сите единици се ставени во највисок степен на подготвеност пред изборите за чиешто безбедно одвивање ќе бидат ангажирани 50.000 полицајци.
„Владата е целосно мобилизирана. Не смееме да дозволиме ништо да ги попречи основните демократски процеси на нашата земја. Ние треба да дадеме отпора на застрашувањето и манипулацијата за тоа да не го искористат нашите непријатели“, изјаиви Казнев.