Идентификуван трупот од Охридското Езеро

Жител на охридското село Куратица е починатиот, кој бил пронајден вчера во водите на Охридското Езеро, информираше МВР.
Според полицијата, машки труп бил забалежан вчера околу 10 часот во водите на езерото помеѓу село Подмоље и местото викано „Оровничка плажа“. Телото на мажот било на неколку метри од брегот.

По увидот било утврдено дека се работи за Б.Ј. (54) од Куратица, охридско. По наредба на Јавен обвинител, над телото на починатиот ќе се врши обдукција.