Идентификувана жртвата во сообраќајната несреќа во штипско

Дваесет идеветгодишне скопјанец го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа којашто во петокот околу 14 часот се случи на магистралниот пат Велес – Штип кај клучката за селото Црнилиште.

Во сударот учествувале автобус „темса опалин“ со велешки регистарски ознаки, управуван од 64-годишниот Љ.Ц. (64) од Велес и патничко моторно возило „шкода рапид“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на друштво за транспортни услуги од Скопје. Возилото било управувано од 29-годишниот И.А. од Скопје кој починал на самото место.

Увид на лице место извршиле јавен обвинител и екипа од полициската станица-Свети Николе.

Сообраќајот на патниот правец Велес – Штип беше во прекин до 16.30 часот, а потоа се одвиваше наизменично до 18.50 часот, по што е целосно нормализиран.