Идентификувани гените поврзани со губењето на мирисот кај заразените со коронавирусот

Американските генетичари открија дека кај заразените со коронавирусот SARS-CoV-2, веројатноста на губењето на чувството за мирис, како и способноста да се почувствува вкусот, е многу зависна од мутациите во гените UGT2A1 и UGT2A2, кои го контролираат функциониењето на рецепторите за мирис, се наведува во студијата во научното списание Nature Genetics.

„Големата геномска студија покажува дека веројатноста за губење на мирисот кај заразените со Covid-19 е првенствено поврзана со мутациите во делот од геномот во кој се наоѓаат гените UGT2A1 и UGT2A2“, наведуваат научниците.

Откако коронавирусот ќе продре во организмот, пациентот често го губи сетилото за мирис, а истовремено најчесто се влошува и можноста да се препознае вкусот. Ваквите симптоми се јавуваат кај меѓу 33 до 68 отсто од пациентите кои ги прележале Covid-19 во текот на првите бранови на пандемијата.

Американските молекуларни биолози предводени од потпретседателот на компанијата „23andMe“, Адам Отон, во новата студија појаснuваат зошто дел од луѓето го губат чувството за мирис дури и при благи или асимптоматски форми на Covid-19, а други луѓе го задржуваат дури и при тежок тек на коронавирусната болест.

Студијата се заснова на податоците од 70.000 волонтери кои се заразиле со коронавирусот последните две години и последователно биле подложени на генетско тестирање во лабораторите на компанијата. Околу 47.000 од нив се пожалиле на губењето на мирисот и вкусот, што на научниците им овозможило да ја проучат генетската заднина на овој фемомен.

Се покажало дека веројатноста за губење на чувствата за мирис и за вкус на храната биле под влијание на варијации во само една област на геномот, кој се наоѓа во 14-от човеков хромозом. Во оваа област на ДНК, како што подоцна откриле генетичарите, постоеле двата гана UGT2A1 и UGT2A2, директно поврзани со работата на клетките на мирисниот епител во носот.

И двата региона на геномот го контролираат производството протеини кои се одговорни за отстранување разни испарливи молекули и други супстанции кои се врзуваат за миризливите рецептори на површината на нервните клетки во носот. Појавата на само една „точкеста“ мутација кај UGT2A1 или UGT2A2, според Отон и неговите колеги, ја зголемувала веројатноста за губење на мирисот за 11 отсто.

Научниците се надеваат дека натамошното проучување на функционирањето на овие гени ќе помогне да се разбере зошто мутациите во нив придонесуваат за губењето на мирисот и вкусот, а истовремено така ќе го откријат и молекуларниот механизам на овој феномен. Одговорот на овие прашања ќе помогне да се заштитат пациентите од ваквите проблеми, заклучуваат генетичарите.