Идентификувани главните симптоми на постковидниот синдром

Американските научници спроведоа кохортна студија меѓу пациентите со постковиден синдром, повеќето од нив имале симптоми на респораторни и ментални болести, но најчести знаци на „долгорочен Covid“ биле депресија, анскиозност, нарушувања на расположението и заморот, произлегува од истражувањето чииште резултати се објавени во списанието Mayo Clinic Proceedings.

Кохортни студии се вид медицинско истражување што се користи за да се испитаат причините за болеста и да се воспостават врски меѓу факторите на ризик и резултатите од здравјето. Овие типови студии разгледуваат групи луѓе и можат да бидат нанапред (перспективни) или наназад (ретроспективни).

Постковидниот синдром, исто така познат и како „продолжен Covid“ или PCS-синдром (Post-COVID-19 syndrome), е комплекс од симптоми кои се сочувуваат кај пациентите кои оздравеле од Covid-19 подолго време, два до три месеца, а понекогаш и повеќе.

Истражувачите од Клиниката Мајо ги објавија резултатите од нивното следење на првата група пациенти кои учествуваче во Програмата за реханилитација од Covid-19 (CARP), направена за процена и лекување на пациентти со синдромот PCS. Вкупно, во периодот од 1-ви јуни до 31-ви декември 2020 година, авторите на студијата следеле 100 лица, од кои 68 жени и 32 мажи. Просечната возраст на пациентите изнесувала 45 години, а нивната состојба била проценета во просек 93 дена по инфекцијата.

Најчестиот симптом кај пациентите бил заморот, дури 80 отсто од испитаниците пријавиле невообичаен хроничен замор, 59 отсто пројавиле и респираторни симптоми, а ист процент чувствувале и невролошки проблеми. Повеќе од една третина од пациентите пријавиле когнитивни тешкотии во извршувањето на основните дневни активности, а само еден од тројца потврдил дека е во можност потполно да се врати во целосна работна активност по болеста.

„Повеќето учесници во студијата до заразувањето со Covid-19 немале пропратни или основнни заболувања, а многумина не ја сфатиле доволно сериозно ситуацијата за да побараат хоспитализација. Во текот на студијата поголемиот дел од пациентите, и покрај симптомите, имаа нормални тестови, и ова е еден од проблемите поврзани со дијагностицирањето на PCS и неговото последователно ефикасно лекување“, се наведува во писмената изјава на водечкиот научник во истражувањето Грег Ваничкачорн, медицински директор на Клиниката Мајо и шеф на програмата CARP.

Авторите сметаат дека постковидниот синдром е самостојна болест која бара одвоено лекување, без коешто пациентите уште долго нема да може да се вратат на работи и во нормалниот живот. Клиниката Мајо разви посебна програма за рехабилитација на пациентите со Covid-19 и започна со давање нега на пациентите со PSC во јуни 2020 година.

„За повеќето пациенти со коишто работевме беше потребна физикална терапија, работна терапија или рехабилитација на мозокот за да се справат со согледаните когнитивни нарушувања. Многумина чувствувале замор, а повеќето од половината исто така пријавиле проблеми со размислувањето познати како ‘мозочна магла’. Многумина не можеа да се вратат на својата нормална работа најмалку неколку месеци“, додава докторот Ваничкачорн.

Според авторите на студијата, пациентите кои закрепнале од острата коронавирусна инфекција и имале пролонгирани симптоми на „продолжен Covid“ не треба да чекаат дека „сѐ ќе исчезне самото од себе“, а лекарите треба да бидат подготвени да ги примат таквите пациент и да им обезбедат во прв ред психолошка помош.

„Имајќи ги предвид продолжувањето на пандемијата, очекуваме да видиме повеќе пациенти кои покажуваат симптоми долго по затразата, а здравствените работници треба да се подготват за тоа, да знаат што да бараат и да знаат како најдобро да им помогнат на пациентите“, истакнува научникот.