Необајсниво рапав глас може да сигнализира зараза со омикрон варијантата на коронавирусот се наведува во написот на британскиот весник The Sun, кој се повикува на генералниот директор на најголамата јужноафриканска приватна компанија за здравствено осигурување Discovery Health, Рајан Роуч.
Според стручњакот, овој симптом може да се појави и пред пациентот да ги почувството првите знаци на болеста. Во повеќето случаи засипнатоста е прудружена со гребење а не со болка во грлото, што е пак карактеристично за делта варијантата.
Роуч, исто така, како едни од првите знаци за зараза со омикрон варијантата ги наведува затнатиот нос, сувата кашлица и болка во долниот дел од грбот.
Осипот на кожата, исто така, може да укаже на инфекција со омикрон варијантата на коронавирусот, се наведува, пак, во написот на британскиот весник Daily Express кој ги проучувал податоците од апликацијата ZOE COVID Study.
„Кај различни пациенти, црвенилото на кожата се разликува од еден до друг. Некои се жалеле на силно чешање, додека други, напротив, забележале дека отокот вооопшто не ги иритира“, се наведува во написот.
Се појаснува дека осипот може да се појави во раните фази од инфекцијата и да трае долго време.
Медицинската компанија ZOE заедно се лекари и научници од британските универзитети разви апликација на којашто луѓето со потврдена зараза од омикрон варијантата на коронавирусот доброволно ги опишуваат симптомите кои се развиле кај нив.
Спорад најновата анализа на податоците од апликацијата ZOE, во Велика Британија во последниот период има зголемување на случаи при кои симптомите на заразата со омикрон сојот се совпаѓаат со оние кај обичната настинка.
Водечкиот научен истражувач во проектот ZOE COVID Study, професорот Тим Спектор повикува сите кои кај себе забележале некои од првите знаци на настинка, веднаш да направат PCR тест.