Идентификувани телата на девет жртви од рускиот авион

Заменик гувернерот на Санкт Петерсбург, Игор Албин информира дека се идентификувани телата на девет жртви од несреќата на рускиот авион во Египет.

Албин рекол дека идентификацијата на сите тела може да потрае повеќе недели.

Рускиот авион, на летот од египетското летувалиште Шарм ел-Шеик кон Санкт Петерсбург се урна на Синајскиот поуостров на 31. октомври.

Сите 224 патници и членови на екипажот починаа. Поголемиот дел од патниците биле од Санкт Петерсбург.