ВИДЕО| Идентификувана неутронска ѕвезда родена од суперновата видена во 1987-та

Кога ѕвездата 20-ина пати помасивна од Сонцето експлодираше во блиската галаксија, експлозијата беше толку силна што со седмица во 1987 година беше видлива со голо око од јужната хемисфера на Земјата. Научниците дури неодамна конечно го идентификуваа потомокот на таа супернова – неутронска ѕвезда.

Два инструмента на вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“ (JWST), кои ја набљудувале суперновата на инфрацрвените бранови должини, забележале хемиски докази кои вклучуваат атоми на аргон и на сулфур, а коишто покажуваат дека новородената неутронска ѕвезда е затскриена зад остатоците преостанати од експлозијата, соопштија научниците во четвртокот.

Таквите експлозиии може да создадат црна дупка или неутронска ѕвезда. А набљудувањата на JWST сега ја разрешуваат загатката која настана од таа супернова.

„По следењата на суперновата и трагањето по компактен објект повеќе од три децениии, возбудливо е конечно да се пронајдени доказот кој недостига за неутронската ѕвезда, благодарејќи на JWST“, вели професорот по астрофизика Клас Франсон од Универзитетот Стокхолм, водечки автор на студијата објавена во научното списание Science.

„Неутронските ѕвезди се неизмерно густи компактни остатоци од експлозија на масивна ѕвезда. Тоа може да се спореди со компримирањето на целата маса на Сонцето во големина на град. Толку се густи што лажица неутронска ѕвезда може да има тежина на планина“, вели коавторот на студијата Патрик Кванаг, предавач на експериментална физика на Универзитетот Мејнут во Ирска.

 

Оваа супернова, наречена 1987А, се појавила на 160.000 светлосни години од Земјата во Големиот Магеленов облак, џуџеста галаксија во соседство на Млечниот пат. Ѕвездата поради нејзината голема маса имала релативно кус животен век од околу 20 милиони години, многу помалку од Сонцето.

Светлината од експлозијата на Земјата е видена на 24-ти февруари 1987 година, ден откако е откриена експлозијата на неутрина, субатомски честички произведени во огромни количества кога јадрото на голема ѕвезда се урива – предизвикана од суперновата. Тоа било првпат од 1604 година супернновата да биде видлива со голо око.

Ѕвездите помасивни најмалку осум до десет пати од Сонцето го завршуваат својот живот во супернова, расфрлајќи голем дел од својата материја во вселената по колапсот на јадрото на ѕвездата, но оставајќи зад себе остаток. Иако катастрофални, овие експлозии се главните извори на елементите, вклучително и јаглерод, кислород, силициум и железо, кои го овозможуваат животот

Остатокот, зависно од големината на исчезнатата ѕвезда, може да биде или неутронска ѕвезда или црна дупка, објект чијашто гравитациска сила е толку силна што дури ни светлината не може да побегне.

Кај суперновата 1987А, со големина на пропадната ѕвезда и траењето ан експлозијата на неутрината сугерирале дека се остаток од неутронска ѕвезда, но тоа не било потврдено досега со директни докази.

„Непосреден доказ за кој и да е од овие егзотични објекти никогаш не е пронајден толку брзо по експлозијата на супернова, досега“, вели Каванаг.

Инструментите на JWSТ, кој функционира од 2022 година, детектирале атоми на арггон и сулфур чиишто надворешни елетрони биле соголени, што значи дека биле „јонизирани“. Научниците ги проучувале различните сценарија и откриле дека тие атоми можеле да останат таму во таа состојба само со ултравиолетово и ренгентско зрачење на неутронска ѕвезда.

Сега научниците работат на утврдување кој вод неутронска ѕвезда: брзо ротирајќи тип кој се нарекува пуслар со јако магнетно поле или „потивок“ со послабо магнетно поле.