Портпаролот на ИДФ сили соопшти дека во денешниот израелски воздушен напад убиени се високиот командант на Хезболах Ибрахим Акил и дел од највисокото раководство на на терористичката група и елитните сили Радван.
„Тие беа сокриени „под земја“, под станбена зграда, во срцето на Дахије, додека ги користеа цивилите како жив штит. Тие се состанаа за да ги координираат терористичките активности против израелските цивили“, рече портпаролот Хагари на прес-конференција.
Хагари вели дека најмалку 10 команданти на Хезболах биле убиени во воздушниот напад во Бејрут, заедно со Акил.
Објаснувајќи ја изјавата на ИДФ, објавена неколку минути претходно, Хагари вели: „Командантите на Акил и на силите Радван кои ги нападнавме се команданти кои го подготвија и го водеа планот на терористичката група Хезболах, да нападне на северната територија на Израел – како што го нарекоа „Планот за освојување на Галилеја“.
Во оваа планирана инвазија, вели Хагари, „Хезболах имаше намера да изврши рација на израелска територија, да ги окупира заедниците на Галилеја и да убива и киднапира израелски граѓани – слично како што направи Хамас на 7 октомври“.
Тој вели дека „командантите кои ги елиминиравме денеска“ ги надгледувале нападите врз израелските граѓани од 8 октомври и планирале да извршат уште такви напади.
Покрај тоа што ги надгледувал нападите врз Израел и планирал инвазија на Израел, Акил билнодговорен за нападите на Хезболах во странство, вели Хагари, нарекувајќи го „терорист со многу крв на рацете, одговорен за смртта на многу цивили и невини лица“.
Акил бил баран од САД, за што се нудела и награда од седум милиони долари. Тој е еден од организаторите на бомбашкиот напад врз американската амбасада во Бејрут во 1983 година, во кој загинаа 63 лица.
Тој, исто така, бил вклучен во нападот на базата на американскиот марински корпус подоцна истата година, во кој загинаа 241 воен персонал. Акил се сметаше за потенцијален наследник на воениот шеф на Хезболах, Фуад Шукр, кој беше убиен во јули во Бејрут. Тој преживеал неколку обиди за атентат, вклучувајќи го и оној во 2000 година кога израелски хеликоптери истрелале проектили врз неговиот автомобил, оставајќи го полесно повреден.
Хагари вели дека ИДФ одржува висока офанзивна и одбранбена подготвеност, но дека во моментов нема промени во регулативите на домашниот фронт.
WATCH: Hezbollah terrorist seeks shelter inside a building, which gets demolished by an IDF strike pic.twitter.com/tdOtqHN1cp
— i24NEWS English (@i24NEWS_EN) September 20, 2024
Israeli fighter jets targeted a gathering of senior hezbollah commanders in beirut's southern suburbs with 4 missiles. The Lebanese health ministry says 3 people were killed and 17 injured. Saudi Al-Arabiya reports among the killed was Ibrahim Aqil, commander of Hezbollah special… pic.twitter.com/qexKPdQnsT
— Ariel Oseran (@ariel_oseran) September 20, 2024