ИДФ го уништи домот на шефот на Хамас во Газа

Авиони на ИДФ го нападнаа домот на шефот на политбирото на Хамас Исмаил Ханије во Појасот Газа во средата вечерта додека израелските продолжуваат со своите операции во енклавата.

Резиденцијата „се користела како терористичка инфраструктура и често служела како место за средба на високите лидери на Хамас за да насочуваат терористички напади против израелските цивили и војниците на ИДФ“, соопшти армијата.

Ханије живее во Катар, каде што има канцеларија под заштита на владата на заливската земја. Израелскиот министер Бени Ганц во средата предупреди дека Израел ќе ги убие лидерите на Хамас одговорни за масакрот на 7 октомври „во Газа и во целиот свет“.

Израелските сили во средата успешно префрлија медицински материјали во болницата Ал Шифа во градот Газа, додека војниците ја пребаруваа терористичката инфраструктура на Хамас во комплексот.

Армијата во средата наутро објави дека инкубаторите, храната за бебиња и медицинските материјали донесени во Газа од тенковите на ИДФ стигнале до Шифа и дека медицинските тимови обезбедуваат залихите да стигнат до оние на кои им е потребна помош.

Војниците влегоа во Шифа во текот на ноќта во вторникот за да спроведат, како што рече војската, прецизна операција против Хамас, за кој ИДФ вели дека има седиште во огромен тунелски  систем под најголемата болница во Газа.

Досега, трупите на ИДФ нашле оружје, воена технологија и разузнавачки информации во комплексот.

Исто така во вторникот, израелските сили уништија складиште со оружје на поморските сили на Хамас, со опрема за нуркање, експлозивни направи и оружје за време на преземањето на кампот Шати.

Сирените продолжија да се огласуваат во областа околу Појасот Газа во четвртокот наутро. Терористите во Газа истрелаа речиси 10.000 ракети врз израелските цивили од почетокот на војната на 7 октомври, кога илјадници терористи на Хамас упаднаа преку границата, убија 1.200 луѓе, ранија над 5.000 и зедоа над 200 заложници.

На северниот фронт, во средата беше лансирана противтенковска ракета од Либан кон областа Шломи во Западна Галилеја. ИДФ одговори со напад врз локацијата за лансирање на Хезболах.

ИДФ, исто така, погоди „неколку набљудувачки пунктови и дополнителни пунктови за лансирање, комплекс за оружје и терористичка инфраструктура кои припаѓаат на терористичката организација Хезболах“, според војската.