ИДФ известува за загуби меѓу своите војници, погодени над 11.000 цели на Хамас

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека во вторникот загинале 9 војници во борбите против терористите на Хамас во северниот дел на Газа. Војниците беа убиени откако нивното оклопно возило било погодено од противтенковска наведувана ракета.

Воениот портпарол ги објави имињата на војниците: Ариел Рајх (24), Асиф Лугер (21), Ади Данан,  Халел Соломон (20),  Ерез Мишловски (20) Ади Леон (20),  Идо Овадија (19),  Лиор Симинович (19), Рои Дави (20).

Во инцидентот се пријавени уште двајца војници тешко ранети. Претходно во вторникот, војската објави дека уште двајца војници биле убиени во одвоени судири во Појасот.

Досега се убиени 13 израелски војници во копнената операција на ИДф во Појасот Газа.

ИДФ објави дека погодила над 11.000 цели на Хамас во Газа од почетокот на војната.