ИДФ: „Новинарите“ на Ал Џезира убиени во Газа се терористи од Хамас и Исламски џихад

Во неодамнешниот инцидент на 7 јануари 2024 година, израелските одбранбени сили (ИДФ) идентификуваа и таргетираа непријателски оператори на беспилотни летала во близина на Рафа, Газа, на што израелските воздухопловни сили (ИАФ) одговорија.

Палестинските медиуми пишуваа дека во нападот се убиени  новинарите Хамза ал Дахдух и Мустафа Турија. Но, разузнавањето на ИДФ недвосмислено потенцираше дека и двете лица биле поврзани со терористички организации со седиште во Газа кои активно учествувале во напади против силите на ИДФ.

Пред нападот, ал Дахдух и Турија управувале со беспилотни летала, што претставувало директна закана за трупите на ИДФ.

Мустафа Турија, според извештајот на ИДФ, имал значајна улога како заменик командант на одредот во баталјонот Ал-Кадисија на Хамас, во градот Газа .

Хамза Ваел ал-Дахдух, бил поврзан со Исламскиот џихад. Тој бил член на единицата за електронско инженерство на организацијата. Документи кои ИДФ ги пронашла во Појасот Газа укажуваат на неговата претходна улога како заменик командант во ракетната низа на баталјонот Зејтун.