ИДФ објави снимки од наставници на УНРВА кои учествуваат во масакрите на 7 октомври

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија две снимки од телефонски разговори на кои се гледа дека наставници поврзани со Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци УНВРА учествувале во нападите и масакрите во јужен Израел на 7 октомври.

Првата снимка е повик од терорист од Хамас кој работи како наставник по арапски јазик во училиште на УНРВА во Деир ал-Балах, во централна Газа, кој опишува како упаднал на израелска територија и наведува дека држи израелски заложници.

Наставникот е именуван како Јусеф Ал Хаваџара и се слуша како евели: „Имаме заложници, јас заробив една“.

За време на повикот, Ал Хаваџара вели: „Ќе влеземе во џамијата Ал-Акса“.

Тој му го опишува масакрот на Израелците на својот пријател, велејќи: „Им пукаа во очи“.

На втората снимка е друго лице, опишан од израелските одбранбени сили како терорист на палестинскиот исламски џихад Мамдух Ахмед Алкали, наставник во основно училиште во училиште на УНРВА во Кан Јунис, во јужниот дел на Газа, соопшти ИДФ. Се слуша како наставникот му кажува на своето семејство дека е на територијата на Израел.

„Внатре сум, внатре сум со Евреите“, вели учителот на УНРВА како одговор на еден човек кој го праша на телефон каде е.

ИДФ соопшти дека „терористичките организации во Појасот Газа рутински ги искористуваат меѓународните хуманитарни организации за терористички цели“.

Според проценките на разузнавањето на ИДФ, повеќе од 450 терористи – повеќето од нив членови на Хамас – се исто така вработени во УНРВА.

Портпаролот на ИДФ, Даниел Хагари, изјави дека Хаваџара се фалел дека запленил израелска заложничка. „Сабаја значи жена заробеник, „посед“. Сакам да го слушнете тонот, како се фалат, како се смеат. Како зборуваат за жените. Како ја нарекуваат „благороден коњ“. Другиот говорник во повикот се пофали дека фатил „благороден коњ“ за време на разговорот.

„Јас сум татко на две девојчиња. Кога ќе го слушнам овој разговор, треперам. Тоа е ужасно“, рече Хагари.

„Пред 150 дена, на 7 октомври, Хамас киднапираше и малтретираше млади жени, млади девојки. Од сведочењата на заложниците кои се вратиле од заробеништво, знаеме дека жените и девојките во заробеништво на Хамас се во опасност. Нашата мисија да ги спасиме овие заложници од немилосрдните терористи е итна. Хамас и ИСИС ја следат истата варварска идеологија и ги користат истите варварски методи“, додаде тој.

Вработувањето на стотици терористи од страна на УНРВА е „систематско“, рече Хагари. „Тие добиваат плати од меѓународната заедница. Со донациите за хуманитарни цели, наменети за корист на народот во Газа, ги финансираат масовните убијци и силувачите“.

ИДФ ги сподели овие и други информации со „меѓународните партнери, вклучително и ОН“, рече портпаролот на ИДФ. Потребен е глобален одговор, рече тој.

Цивилите во Газа „исто така страдаат како резултат на оваа војна што ја започна Хамас“, рече Хагари. „Нашата војна е против Хамас, а не против народот на Газа. Ние го признаваме нивното страдање“.