ИДФ: Операции против Хамас во Рафах остануваат ограничени во обем

Израелските одбранбени сили ја продолжуваат прецизната операција против Хамас во Рафах како дел од нашите напори да постигнеме траен пораз на Хамас и да ги вратиме сите наши заложници дома, истакна портпаролот на ИДФ, Даниел Хагари.

„Нашите операции против Хамас во Рафах остануваат ограничени во обем и фокус на: тактички напредок; тактички прилагодувања; и воени предности – и се избегнаат густо населените области.

Од почетокот на нашата прецизна операција против Хамас во Рафах, елиминиравме десетици терористи, уништивме подземни терористички тунели и огромно количество оружје.

Пред нашите операции, ги повикуваме цивилите привремено да се движат кон хуманитарни области и да се оддалечат од вкрстен оган во кој ги става Хамас. Нашата војна е против Хамас, а не против народот во Газа.

Во последните неколку дена го олеснивме влезот на 200.000 литри гориво преку преминот Керем Шалом;
го олеснивме и координиравме отворањето на нова теренска болница во Централна Газа; и работиме
да се овозможи проток на хуманитарна помош за Рафах преку патот Салах Ал-Дин.

Само во последните неколку дена Хамас истрела ракети од Рафа кон преминот за хуманитарна помош Керем Шалом – самиот премин што го користи Израел за да го олесни влезот на хуманитарна помош за жителите на Газа.

А во петокот вечерта Хамас истрела 9 ракети од Рафа кон израелскиот град Бер Шева, погодувајќи детско игралиште.

Ќе продолжиме со нашата мисија да постигнеме траен пораз на Хамас и да ги вратиме нашите заложници дома“, посочи тој.