Израелските одбранбени сили во саботата соопштија дека војниците на специјалните сили уапсиле повеќе од 100 осомничени за тероризам во болницата Насер во Кан Јунис, додека тие продолжиле да вршат претреси во медицинскиот центар.
Војската соопшти дека силите на единиците Маглан и Егоз убиле и неколку оперативци на Хамас на периферијата на болницата.
Војниците на ИДФ влегоа во зградата на болницата Насер во четвртокот, откако соопштија дека имаат разузнавачки информации дека таму биле држени заложници и дека некои тела на мртви заложници можеби сѐ уште се на местото. Неколку од ослободените заложници изјавиле дека тие и други заложници биле држени во болницата.
Војниците во медицинската установа пронашле минофрлачи, гранати и друго оружје на Хамас, како и лекови со имиња на заложници.
ИДФ во петокот ги негираше тврдењата дека војниците ги гаѓале генераторите во болницата. Хамас тврдеше дека неколку пациенти умреле поради недостиг на кислород откако струјата била исклучена и генераторите престанале по нападот на ИДФ.
„Утрово е добиена пријава за прекин на активноста на агрегатот, што резултирало со дефект на електричните системи во болницата. Спротивно на тврдењата, војниците на ИДФ не ги гаѓаа генераторите. Војниците добија инструкции да обезбедат континуирано функционирање на болницата“, соопшти ИДФ.
„И покрај дефектот на генераторот во болницата, сите витални системи продолжија да работат во текот на денот врз основа на постоечкиот систем за непрекинато напојување во болницата“, соопшти ИДФ.
Од ИДФ истакнаа дека по добиените извештаи за дефект на генераторот во болницата, војниците работеле на негова поправка, додека командоската единица на морнарицата Шајет 13 донела замена на генератор.
„Овие акции беа спроведени во тесна координација меѓу ИДФ и болничката администрација преку службеници на Администрацијата за координација и врски за Газа (CLA)“, соопшти ИДФ.
Во меѓувреме, ИДФ ги продолжи воздушните напади нападите низ различни делови на Појасот Газа, а се одвиваат и жестоки битки меѓу израелските војници и припадници на Хамас.