Следната година пензиите ќе се зголемат два пати. Веќе најавените 2.500 денари во март и дополнително, редовно услогласување во септември, пишува ТВ Алфа.
Новиот директор на ПИОМ, Никола Мемов, вели дека оваа година со линеарното зголемување пензионерите наместо 4%, колку што било предвидено согласно важечката Методологија за пресметка на пензиите, заедно добиле зголемување на нивните приходи од 11.7%.
„Главната цел на линеарното зголемување кое го направивме во септември беше да обезбедиме подобар животен стандард за пензионерите, но и да ги намалиме разликите меѓу највисоките и најниските пензии во државата. Ова бидејќи во Македонија наместо економски концепт, важи социјално-солидарниот концепт во пензискиот систем“ рече директорот Мемов на брифинг со новинарите.
Буџетот на ПИОМ следната година ќе биде околу 2.2 милијарди евра, а дефицитот ќе изнесува околу 27%.