
Од денеска практична обука на неколку скопски сообраќајници ќе имаат кандидатите за полицајци кои годинава ја започнаа едногодишната обука, во рамки на вториот образовен модул посветен на сообраќајот.
Според програмата е предвидено идните полицајци во периодот од 9 до 13 часот да се обучуваат за регулација на сообраќајот на крстосниците кај Скопски саем, кај Стара рампа (Кисела Вода), кај Црвен крст, како и на крстосницата кај Народна банка на РМ.
Кандидатите ќе бидат распределени во седум тимови од по десет полицајци, нивна обука ќе биде спороведена и на регионалниот пат Скопје – Катланово за контролата на брзината на движење на возилата и мерење со полициски радар.