На вчерашна затворена седница на Владата, донесена е одлука Идриз Фазлиоски да биде нов Генерален конзул на Македонија во Истанбул.
Фазлиоски во моментов е директор за организациски работи во Министерството за надворешни работи.
Тој за неверојатно кратко време доби брзи три унапредувања во звања во МНР по што стана и организационен секретар на министерството.
Во негов домен се и јавните набавки меѓу кои се скандалозните изнајмувања на возила за кои за состанок на ОБСЕ државата плаќа по 5000 евра за два дена.
Во негова надлежност е и приспособувањето на салата Борис Трајковски каде ќе се случи состанокот на ОБСЕ за која МНР ќе плати над 1,5 милиони евра на фирма блиска на ДУИ
Според извори во МНР блиски на една од партиите од албанскиот опозициски блок брзото именување на Фазлиоски на високата позиција непосредно пред избори е најава на брзо напуштање на министерската функција на Османи и израз на огромна благодарност за соработката која опфаќа и скандалозни јавни набавки вредни милиони евра, објави Експрес.мк