Иџе четврти и петти на трката во Монца

Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски – Иџе е на четвртото место во генералниот пласман на стартот од новата сезоната во ЕТТЦ шампионатот.

Откако првата трка на легедарната патеката во Монца, Стефановски ја заврши на четвртото место, во втората на крајот беше на петтата позиција, за на крајот во севкупниот поредок да биде петто рангиран.

По овие две трки во Монца, Стефановски освои 9 поени, и е на четвртоото место во генералниот пласман, зад Шрајбер со 20 поени и Рипли и Фулин кои имаат по 17 бода.

Следната трка од ЕТТЦ шампионатот е за две недели во Унгарија. Претходно, Стефановски на 6 и 7 мај, ќе настапи пред домашната публика и тоа на Големата награда на град Скопје – „Водно 2017“.