Иџе седми на првата трка во Ла Кастеле

Игор Стефановски – Иџе ја започна авантурата во „ТЦР Европа“ со седма позиција на првата трка, a вториот Македонец, Виктор Давидовски финиширашe на 16 позиција на патеката „Пол Ришар“, во Ле Кастеле, Франција која беше домаќин на првиот викенд од шампионатот.

Игор Стефановски на своето „хјундаи“ имаше сосема солидно деби, па иако „Летечкиот Македонец“ во првите квалификации имаше најбрзо време во вторите му беше понишен најбрзиот круг, па првата трка ја стартуваше од 11. позиција на гридот. Популарниот Иџе по голема битка финишираше како седми, со речиси 22 секунди заостанувањенод победникот Душан Борковиќ.
Втората трка се вози утре со почеток во 15:50 часот.