Меѓународната федерација на новинари (IFJ) во средата привремено го суспендираше водечкиот руски синдикат на новинари поради основање ограноци во четири украинските региони со мнозинско руско и рускојазично население кои со референдумите ланскиот септември се приклучија на Русија, што Западот го смета за нелегално анектирање на украинска територија.
„IFJ е организација заснована на меѓународна солидарност, принципот на соработка меѓу федерациите и почитување на правата на новинарите. Руската федерација на новинари формираше четири ограноци во анектираните провинции на Украина, кои очигледно ја прекинаа солидарноста и сееја поделби меѓу сестринските федерации “, рече претседателот на IFJ, Доминик Прадалие.
Претседателот на Руската федерација на новинари изјави за новинската агенција ТАСС дека IFJ си наштетила и финансиски, бидејќи повеќе нема да добива значителна членарина од Русија.
Светската организација на новинари со седиште во Брисел, која застапува 600.000 новинари во 146 земји, беше под силен притисок без преседан од европските членки да ја исклучи Руската унија на новинари.
Новинарските синдикати од Финска, Норвешка, Данска и Исланд минатиот месец објавија дека ќе ја напуштат IFJ во знак на протест против „коруптивната активност“, која според нив го вклучува и неуспехот на IFJ да „преземе акција“ против Руската федерација на новинари „додека таа се шири на окупираните украински територии“.
Прадалие призна дека имало критики. Но, како и претходните години од страна на и нејзините претходници, воопшто не ги спомена убиените украински, руски и западни новинари во текот на дејствијата на украинските сили кои известуваат од побунетите југоистични региони Доњецк и Луганск, особено во граѓанската војна 2014/2015 година. Исто така, Прадалие не се осврна ниту на потезите на власта во Киев со кој се затворени и бројни опозициски медиумите.
„Некои сметаат дека требаше да дејствуваме побрзо“, рече таа додавајќи дека IFJ итно ќе бара начини да продолжи да им помага на независните новинари кои се во опасност или имаат потреба од помош.
Владимир Соловјов, претседателот на рускиот синдикат на новинари, смета дека суспензијата е неоправдана и вели дека „за жал, тоа е целосно политичка одлука донесена по ултиматумот на нордиските сојузи“.
Руската сојуз на новинари има „големи планови“ за реализација на други форми меѓународна соработка надвор од IFJ, изјави Соловјов.