Ига Швјонтек, првата тенисерка во светот, ја одбрани титулата на турнирот во Доха.
Тенисерката од Полска, до 12. пехар во кариерата, а прв годинава, дојде со убедливата победа над Американката Џесика Пегула со 6:3, 6:0. Финалето траеше 70 минути.
Пегула на светската број 1 отпор и пружи само во првиот сет. Швјонтек направи брејк во првиот гем, но Пегула веднаш одговари со ри-брејк за 2:2.
Потоа тенисерките си разменија уште по еден брејк и Шјонтек имаше предност од 4:3. Нов брејк фавортиката направи во осмиот гем, а потоа на свој сервис беше сигурна и го освои првиот сет.
Во вториот сет играше само Швјонтек, која експресно освои шест гема и ја освои титулата во главниот град на Катар.