Фудбалерите на репрезентацијата на Нигерија се пласираа во четвртфиналето на африканското првенство откако во саботата во осминафиналето во египетскиот град Александрија ја совладаат селекцијата на бранителите на тутулата Камерун со 3:2, а херој на мечот беше напаѓачот на англискиот премирлигаш Вотфорд, Одион Игало.
Во натпреварот кој мина во пресврти, Нигерија поведе со голот на Одион Игало во 19 минута. Но пред крајот на првото полувреме следеше пресврт и Камерун поведе со 2:1, а стрелци беа Стефан Баокен во 42 и Клинтон Н’Џие во 44 минута.
Во второто полувреме Игало повторно беше стрелец во 64 минута за израмнувањето на 2:2, а две минути подоцна Игало му асистираше на Алекс Ивоби за водство и победа на Нигерија со 3:2. Камерун во продолжение со обидуваше да израмни, а во тој период Игало имаше шанса да постигне хет-трик, но непречен од никого од помалку од десет метри од голот шутираше директно во противничкиот голман.
Нигерија во четвртфиналето ќе игра против победнитеко од мечот кој се игра вечерва меѓу домаќинот и Египет и Јужна Африка.