Игор Јанушев е новиот генерален секретар на Владата. На позицијата тој бил именуван на денешната владина седница.
-Денеска бев именуван за енерален секретар на Владата предводена од претседателот Христијан Мицкоски.
Се заблагодарувам за искажаната доверба и верувам дека ќе работиме исклучиво во интерес на граѓаните!
Ќе работиме чесно и достоинствено за народот, објави Јанушев на Фејсбук.