
Љубовна разделба е најверојатно причина за вчерашната трагедија во Аеродром во која скопјанецот Игор Спасовски ги застрела сестрите Наташа и Билјана и се самоуби, објави Канал 5, според сведоштво на блиска пријателка на Наташа.
Телевизијата објавува дека Игор и Наташа биле во љубовна врска од пред Нова Година кога се запознале во дискотека во која тој работел како обезбедување.
Според пријателката, Спасовски бил љубоморен и Наташа пред една недела ја прекинала врската, но тој не можел да го прифати тоа и нон-стоп ја барал. Пријателката за телевизијата раскажува дека Игор никогаш претходно не бил агресивен кон Наташа, бил многу заљубен во неа бил тивок пријатен дури ни алкохол не пиел.
Според пријателката, пренесува Канал 5, Наташа не планирала да летува во Грција, туку сакала да оди во Ресен, ама му рекла на Игор така за да не ја бара.