![igor stefanovski idze](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/igor-stefanovski-idze.jpg?resize=696%2C393&ssl=1)
Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски-Иџе, запиша уште една победа на последната трка сезонава која се возеше на патеката во Бузет, воХрватска, во рамки на Европскиот ридско-планински шампионат.
Сепак, овој триумф не беше доволен за првото место во генералниот пласман на целосното рангирање. Популарниот Иџе заврши второпласиран со 166 бода, зад шампионот Антонино Миљуоло кој имаше 177 бода.
Стефановски воедно постави рекорд на патеката во Бузет со вкупно време на двете трки од 5:13,189 часа, оставајќи го ривалот од Италија со повеќе од три минути зад себе.