Играч на сезоната во НБА лигата според ЕСПН е Лука Дончиќ

Американската станица ESPN во традиционалната годишна анкета го прогласи Лука Дончиќ за најдобар играч на сезоната.

Во конкуренција за ова ласкаво признание беа Никола Јокиќ, Џејсон Татум и Шаи Гилџис-Александер.

За разлика од НБА, каде Јокиќ надвладеа и ја освои третата титула МВП, Словенецот беше пред сите во изборот на најпознатата американска ТВ мрежа.