Во натпревар од 21-вото коло на Сегунда Б, помеѓу вториот тим на Барселона и Ехеа, во кој каталонците загубија со 0: 1, се случи инцидент.
Дефанзивецот на Барса, Муса Ваге удри гледач во 81. минута од натпреварот. 20-годишниот Сенегалец се налути, бидејќи навивачот не му ја даваше топката долго време, по што го турна. За овој потег тој беше протеран од судијата, а за своите постапки Дисциплинската комисија го казни играчот од одбраната за 4 натпревари.
Ваге ѝ се приклучи на Барселона летото 2018 година, кога направи трансфер од белгискиот тим Јупен, а неговиот договор истакува летото 2023 година.
Wagué en el Ejea-Barcelona B de esta mañana 😳 pic.twitter.com/oTnkRaGRpe
— 📍 (@Akapismo) January 20, 2019