Играл на апарати, па бил ограбен

Дваесет и тригодишниот Р.Ѓ. од Скопје синоќа во полициската станица Ѓорче Петров пријавил дека додека играл на апаратите во казиното „Сенатор“ од страна на неколку лица му било извршено разбојништво.

Со закана со нож бил физички нападнат, а му биле одземени паричник во кој имало 700 денари и документи. Се преземаат мерки за откривање на сторителите.